×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mакедонските археолошки центри на егејскиот брег посетени од Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово

    23.08.2024 09:29 | Оливера Пешевска

    Археологот Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово беше на еднонеделна студиска посета на локалитети во Грција, кои претставувале македонски центри на егејскиот брег. Посетата била дел од проектот „Хеленистичкиот период во кумановско – влијанието од егејските македонски центри“, дел од редовната годишна програма на институцијата.

    Mакедонските археолошки центри на егејскиот брег посетени од Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово

    Посетени се Пела, Вергина, Олинт, како и Пидна и Дион, заедно со новоотворените музеи и локации.

    „Главна цел беше запознавањето и компарацијата на движниот и недвижниот материјал, која ќе се користи при обработката на податоците кои се добиени со истражувањата на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. За време на посетата, увидовме сличности, како преку движниот материјал (резултат од развиената трговија), така и преку очигледниот трансфер на знаења од југ кон север. Останува за натаму да се протолкува начинот на кој е вршен овој трансфер, односно дали тој е резултат на македонските освојувања кон север, дарданските освојувања кон југ, или се работи за проток на луѓе како резултат на трговските врски“, истакнува Ѓорѓиевски.

    На врвот на локалитетот Градиште, Младо Нагоричане е откриена градба која веројатно имала улога на палата, а која во голема мера го следи планот на богатите македонски куќи од хеленистичкиот период, како во основата, така и во внатрешната декорација. Она што е карактеристично за дел од богатите куќи од Пела е токму полихрониот боен малтер, којшто е најден и на овој локалитет во неколку простории од палатата, и со тоа претставува најсеверна точка на негова употреба во посочениот историски период.

    Обидот хронолошки и културолошки да се определи локалитетот преку меѓународната соработка се одвива во неколку фази, при што е направена соработка и размена на материјал и мислења, како со грчките колеги, така и со српските истражувачи. Веќе е во подготовка заеднички материјал за публицирање, а во контекст на понатамошното заедичко претставување, Музеј Куманово аплицирал за подготовка на виртуелни изложби, како и дигитализација на ископаниот материјал.