×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Максим Димитриевски нов претседател на Совет?

    21.09.2012 10:56 | KumanovoNews

     Советникот на СДСМ Максим Димитриевски најверојатно ќе биде новиот претседател на Советот на Општина Куманово, откако досегашниот Виктор Цветковски ќе биде сменет од функцијата на наредната седница што ќе се одржи на почетокот на октомври.

    Максим Димитриевски нов претседател на Совет?

    Советниците на СДСМ со коалиционите партнери веќе поднеле барање за одржување на седницата на која ќе биде предложена смена на Цветковски и назначување на нов претседател. Цветковски на седницата ќе има можност сам да си поднесе оставка или по расправа во Советот ќе се гласа за негова смена.

    Неофицијално дознаваме дека советничката група на СДСМ и градоначалникот Зоран Дамјановски мината недела одржале состанок со советничката група на ДУИ за да обезбедат мнозинство, по откажувањето на послушноста на дел од советниците блиски до Цветковски.

    Извор од партијата вели дека Димитриевски добил подршка од централата во Скопје и сигурно ќе го води Советот до крајот на мандатот и покрај тоа што во изминатиот период беше лут противник на градоначалникот и јавно ја критикуваше неговата работа, особено на промоцијата на Дамјановски за уште еден мандат. Тој беше воздржан во Советот и кога се гласаше за одлуката за приватизација на Куманово-гас.

    Со негово назначување партијата сака да „купи„ мир и да го спречи понатамошното разединување и одлевање на членството од огранокот до локалните избори, особено по исклучувањето на Цветковски. Голем дел од актуелното раководство не е задоволно од изборот- вели нашиот соговорник.