Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца малолетни жители на селото Ваксинце, вчера се фатени додека превезувале Авганистанци.
Во местото викано Горна Капија помеѓу селата Слупчане и Ваксинце, полицијата стопирала автмобил “Опел астра“ со кумановски таблички, управуван од Л.Р.(17) од Ваксинце каде се најдени седум авганистански државјани. Во вториот стопиран автомобил “Фиат браво“ со кумановски таблички, управуван од М.И.(17) од Ваксинце се најдени тројца Авганистанци.
Лицата се приведени во СВР Куманово и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.