Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно малолетно лице се здобило со тешки повреди, а двајца возачи со телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу товарно моторно возило и мопед на улицата „Индустриска“ во Куманово.
„На 22 август, во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(38) од селото Сопот, кумановско и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.С.(21) од Романовце, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово“, соопштуваат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.