Малолетник со мотоцикл удрил во пешак во Куманово
06.05.2022 15:26
| Сузана Николиќ
Малолетник од Куманово со мотоцикл удрил во 78-годишен сограѓанин.

Сообраќајната незгода се случила вчера во 10.30 часот, улицата „11-ти Ноември“ кога возачот удрил со моторот во Џ.Ш. од Куманово.
Пешакот се здобил со телесни повреди кои се констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.