×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Кумановската болница во изминатите години вработени се 199 лица, кажа Манолева

    04.04.2024 14:28 | KumanovoNews

    Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска била во посета на Општата болница во Куманово.

    Во Кумановската болница во изминатите години вработени се 199 лица, кажа Манолева

    Во соопштението до медиумите, се вели дека болницата во изминатите неколку години реализирала бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови - инфраструктура, медицинска опремна и кадровски потенцијал.

    „Со поддршка од Министерството за здравство изграден е и пуштен во употреба нов Хируршки ургентен центар, граѓаните секојдневно добиваат здравствени услуги од областа на хирургија, ортопедија, анестезија и радиодијагностика. Со наша соработка изградена и пуштена во употреба е котлара на гас со што затоплувањето на установата е решено целосно со гас и со тоа е намалено загадувањето“, рече Манолева.

    Оваа установа, исто така годинива е зајакната со нов современ рентген апарат, нов современ мамоград, ендоскопски столб, најсовремен 128 слајден компјутерски томограф и ехотомографски апарат.

    Од сопствени средства на болницата набавена е нова опрема за патолошка лабораторија и целосно е обновена апаратурата на одделот за физикална медицина.

    Кумановската болница важи за установа која силно се залага за инвестиции во човечкиот капитал. За неколку години реализирани се вработувања на 199 лица, а за седум години упатени се 35 доктори на специјализација во различни области.