Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во два одделни случаи деновиве полицијата пронашла марихуана и кокаин кај кумановци.
Во дворот на Д.Н.(28) на улица “425“ во населба Иго Тричковиќ пред четири дена при претрес полицијата пронашла 37 грама марихуана.
При претрес на автомобил “бмв“ вчера на крстосница меѓу улиците “Бајрам Шабани“ и “Ѓуро Ѓаковиќ“ се најдени 1,42 грама кокаин. А.Б.(22) и Р.А.(23) од Куманово претходниот ден дрогата ја набавиле од лице од Косово.
Против сите тројца се поднесени кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.