Марихуаната одгледана во Слупчане

26.01.2010 15:26 | KumanovoNews

Седумдесет и два килограми марихана се запленети  вчера попладне на автопатот Куманово -Скопје , пред налатната рампа Романовце. Полицијата уапсила две лица кои со своите автомобиле ја превезувале дрогата со цел да ја продадат.

Марихуаната одгледана во Слупчане

Подоцна при претрес на нивните куќи во селото Слупчане биле пронајдени уште четири килограми марихуана. Пазарната вредност на дрогата е околу 100 илјади евра.

Се претпоставува дека марихуаната е произведена во Липковско и била наменета за домашниот пазар. Полицијата само минатата година во неколку случаи откри засадени површини на марихуана во тој регион.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk