×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марија и Александар најчести имиња во градот

    04.02.2013 10:41 | KumanovoNews

     Марија и Александар се најчестите имиња во Куманово и регион, што родителите ги давале на своите деца во изминатиот период.

    Марија и Александар најчести имиња во градот

    Според податоци од Државниот завод за статистика, во североисточниот регион има 1062 Марии и 1645 Александар. Потоа следуваат Зоран (1585), Горан (1326), Никола (1072), Стефан (1057), а од жените Елена (781), Александра (651).

    И граѓаните забележале дека Александар е име кое многу често се среќава, а истото важи за Марија и Елена.

     Имам внук Александар, а внука од сестра  ми се вика Марија. Бојан, Тони, Зоран се чести имиња. Ми се допаѓаат нашите македонски имиња, убави се. Знаеме дека порано Ромите употребуваа имиња Касандра по серијата. Сега ние се враќаме на нашите имиња, гледаме турски серии, ама тоа не ни влијае - вели Натка Николовска од Куманово.

    Етнолозите велат дека порано луѓето децата ги крштевале по името на бабата и дедото за да се знае од која фамилија потекнуваат.

    Да се продолжи лозата, да се знае од која фамилија се, на децата им давале имиња по нивните баби и дедовци. Тоа е таа препознатливост. Неретко им давале имиња по некој кој е успешен на повеќе полиња во селото. Мислеле дека самото име гарантира статус на успешност. За нив тој идентитет значел сигурност и тоа се вика индикативна магија. Верувале дека нивното дете ќе ги наследи способностите на тој успешен човек. Ако првото дете им почине и немаат пород, децата ги крстеле Трајче, Стојан, Трајко за да трае. Давале име Здравка за да биде здрава. Сега се враќаат повеќе на старите македонски имиња кои ги има во православен календар. Ако детето се роди на празник, или ден - два пред или по празникот му даваат име на светецот и веруваат дека ќе го штити. Таков е примерот со името Никола, ако се родил на Свети Никола празник - раскажуваат етнолозите Надица Петковиќ и Валентина Илиевска.

    Тие објаснуваат дека ретките имиња како Зое, Зуница, Гонце луѓето ги ставаат за да се разликуваат од другите, да бидат единствени и препознатливи. Според етнолозите идентитетот е многу важен како за поединецот, така и за самиот народ, за земјата и кажуваат многу за тоа кои сме. Петковиќ и Илиевска велат дека многу луѓе го носат пејоративното име на нивните предци кое е скратено и нагалено.

    Во нашата средина застапени се и имињата Сузана (779), Катерина (486), Снежана (692), Фросина (494), Ангела (391), Габриела (331), Кристина (353), Магдалена (250), Ана (323), од машките Дејан (1029),  Мартин (864), Сашо (714), Марјан (834), Дарко (692). Едно од најретките машки имиња е Димитар и ги има 173 на ниво на регион. Регистрирани се 156 мажи со име Илија, а со име Лазар има само 50 луѓе.