Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Максим Димитриевски го постави Марко Митровски за в.д. директор на Јавното претпријатие „Куманово-гас“, откако од функцијата го разреши досегашниот в.д. директор Никола Денковски.
Митровски е дипломиран машински инжинер по термичко инжинерство, вработен во компанијата МЕПСО од 2015 година.
Примопредавање на функцијата помеѓу двајцата директори била извршена во понеделник.
„Ова за мене е нов професионален предизвик и можност да придонесам во развојот на градот во кој живеам. Од понеделник сум на новото работно место, се уште ја скенирам состојбата, имаме доволни количини на гас и засега функционираме без проблеми“, изјави новиот директор Митровски за Кумановоњуз.
Митровски е првиот директор на ВМРО-ДПМНЕ, кој е на чело на јавно претпријатие во Куманово. Партијата дојде на власт по 30 години опозиција откако во вториот круг на локалните избори го поддржа независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, и по победата направија мнозинство во советот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе добие директорско место и во „Куманово-план“.