×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мартин Костовски нов координатор на СДСМ за Североисточниот регион

    17.04.2022 17:54 | Сузана Николиќ

    Мартин Костовски е нов координатор на СДСМ за Североисточниот регион. Костовски, кој два мандати беше претседател на општинаската организација на СДСМ Куманово, доаѓа на местото на Владимир Арсовски. 

    Мартин Костовски нов координатор на СДСМ за Североисточниот регион

    Координаторот на регионот има задача да работи организациски и политички со претседателите на ограноците во регионот, а се бира на предлог на лидерот на СДСМ. 

    „Ви благодарам на довербата, заедно Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Липково ќе бидат сдсмовски бастиони. Заедно со претседателите на општинските ќе работиме и креираме политики за подобар живот во Североистокот“, вели Костовски.

    Костовски е пратеник на СДСМ во Собранието на Македонија.