Мени

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ утре на Градскиот плоштад во Куманово

15.05.2026 08:27 | Сузана Николиќ

На Градскиот плоштад во Куманово утре ќе се одржи овогодинешното издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“.

 

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ утре на Градскиот плоштад во Куманово

Ревијата на маски ќе започне во 10:00 часот, а учество ќе земат ученици од сите основни и средни училишта од општината, како и децата од градинката „Ангел Шајче“.

Маскенбалот има ревијален карактер, па наместо награди, сите учесници ќе добијат благодарници за учество.

Манифестацијата е во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“  се одржува по 22. пат.