Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сообраќајните знаци на патиштата во Куманово масовно се крадат.
Ова го тврдат од кумановската секција на ЈП „Македонија пат“, кои апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон сообраќајната сигнализација на магистралните и на регионалните патишта.
“Знаците и таблите ги користат како масички во дворовите, а столбовите за поставување огради. Пријавуваме во полиција, но многу ретко се наоѓаат сторителите“ – вели Драгослав Арсиќ, вработен во Македонија-пат Куманово за МИА.
Просечно поставувањето на сообраќаен знак, инфомираат надлежните, чини и до 9.000 денари, вклучувајќи ја изработката, поставувањето и транспорот.
ЈП „Македонија пат“ пред две и пол години постави над 500 сообраќајни знаци и паткозни табли.