Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
11 пожари на отворено на запалена сува трева и стрништа се регистрирани вчера во повеќе кумановски и липковски села. Од Центарот за управување со кризи информираат дека првите пријави ги добиле претпладне, а интервенирале речиси до полноќ.
Неколку пожари се повторувале во атарот на селата Табановце, Речица, Лојане и Ваксинце. Пожари имало во Никуштак, Стари лозја, Табановце, Речица, во близина на царинскиот терминал Детоил, во Ваксинце во близина на резервоарите на Макпетрол, на автопатот Куманово-Табановце кај бензинската пумпа Еко Петрол, во близина на железничката станица во Речица. Сите пожари се изгаснати.