×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матеј Илиевски најдобар географичар осмооделенец во државата

    23.06.2022 09:29 | Сузана Николиќ

    Матеј Илиевски, ученик во Основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово освои прво место на Државниот натпревар по географија во Скопје, што го организираше Здружението на професори по географија „Љубе Миленковски“.

    Матеј Илиевски најдобар географичар осмооделенец во државата

    Во силна конкуренција од целата земја, Матеј освоил најголем број на бодови на ранг листата и прогласен е за најдобар географичар на неговата генерација. Како награда за постигнатиот успех, тој и неговата менторка професорката Славица Николиќ добија лап-топи.

    „Ова е мојата најголема награда досега и мислам дека дојде во право време. Ова ми покажа дека вложениот труд се исплати и ми дава мотивација со ист интензитет да продолжам и понатаму. Горд сум на своето постигнување од областа која сега најмногу ме интересира“, вели Матеј географичар, кој не крие дека е воодушевен од свечената церемонијата на доделувањето на дипломите и наградите во Скопје.

    На натпреварот по географија учествувале по тројца најдобри ученици од едно училиште, во една генерација. Учесниците се натпреварувале во знаење за европскиот континент. На општинскиот натпревар кој се одржал онлајн, Матеј освоил 2 место, додека на регионалниот и државниот натпревар со физичко присуство бил прв. Сите натпреварувачи поседувале големо знаење, но само 40-те најдобри се пласирале на државниот натпревар, а Матеј успеал да биде најдобар меѓу најдобрите по неговиот омилениот предмет.

    „Географија е една многу интересна и посебна природна наука, со која го истражуваме светот околу себе и дознаваме за културите и обичаите на многу народи, како и за убавините на државите ширум светот и нивната развиеност. Географијата ја учев уште пред да ја имам како училишен предмет и колку повеќе ја учам, толку повеќе ја сакам и имам поголема желба да напредувам. Исто така, јас сум личност со авантуристички дух, па веројатно затоа географијата многу ми значи“, вели најдобриот географичар меѓу осмооделенците, кој за регионалниот натпревар имал повеќе време за подготовка, но за државниот натпревар му биле на располагање само 2 недели.

    Менторката и професорка по географија Славица Николиќ му била поддршка целото време, заедно работеле, и му укажувала што е најбитно да научи на што да се фокусира. Таа е горда на својот ученик, но вели дека тоа не успех само за него и за менторот, туку гордост за целото училиште.

    „Се работи за исклучително посветено и сестрано дете, кое има знаење од повеќе области и освои повеќе награди. Со успехот на државниот натпревар си ги отвори вратите за понатамошното образование. Матеј оваа година учествуваше на 6 натпревари. На државните натпревари освои втора награда по физика, трети награди по биологија и математика, на натпреварот по англиски јазик стигна до регионално ниво, но сепак најголемиот успех го постигна на натпреварот по географија. Во ист ден се натпреваруваше на натпреварите по физика, географија и биологија што е големо оптоварување за еден ученик“, вели професорката Николиќ.

    Матеј вели дека е презадоволен од сите освоени награди и сите подеднакво му се омилени, но кога би морал да избере, тоа е наградата по географија, бидејќи најмногу труд вложил во неа.

    „Редовно ги учам сите училишни предмети, но најомилен уште одамна ми е географија. Покрај неа, најмогу ги сакам биологијата, математиката и физиката, како и македонскиот и англискиот јазик“, искрен е Матеј.

    Своето образование сака да го продолжи во гимназијата „Гоце Делчев“, а неговиот сон е да заврши Медицински факултет и да стане лекар.

    „Сметам дека тоа е професијата која најмногу би ми одговарала, но секако одам чекор по чекор и подготвен сум за сите предизвици“, ни кажа Матеј.