×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матејчани ќе ја слават Мала Богородица во манастирот

    20.09.2013 08:40 | KumanovoNews

     Дел од раселените жители на Матејче, утре ќе го прослават празникот Мала Богородица во манастирот “Света Богородица“, кој се наоѓа над селото.

    Матејчани ќе ја слават Мала Богородица во манастирот

     Разочарани што се далеку од родните огништа, раселниете сметаат дека надлежните институции го заборавија овој манастир, кој по својата уникатност претставува споменик на културата и национално богатство.

    Сите знаат дека е празник, плус се паѓа во неработен ден и верувам дека ќе има посетеност. Јас планирам да одам во селото. Манастирот е во добра состојба, но помошните простории се оштетени од бомбардирање во 2001 година. - изјави Радован Станојковиќ, раселен од Матејче.

    Манастирот “Света Богородица“ се наоѓа на 1005 метри надморска височина и датира од 14 век.

    Матејчани се незадоволни од односот на државата и црквата, и сметаат дека треба повеќе сметка да се поведе за заштита овој верски храм.

    Јас нема да одам бидејќи не сакам уште да се разочарувам. Таму е катастрофа, се е ограбено, запалено и тоа е завршена приказна. Порано таму се преспиваше, а утредента имаше собир со многу луѓе, доаѓаа свештени лица. Сега не мислам дека таму е безбедно. Кога одиме организирано никој не не чепка, но бегаат од нас поранешните соседи, не избегнуваат - вели Златко Цветковиќ, раселен од Матејче.

    Пред воениот конфликт во 2001 година во селото живееле околу 140 православни семејства, а денес нема ниту еден жител од православна вероисповест.

    Раселените одат во манастирот само за верскиот празник Мала Богородица, патронот на селото, кога обично доаѓа само локален свештеник, но никогаш не го посетил некој од македонските владици.

    Кумановоњус вчера праша дали оваа година ќе присуствува претставник од повисокото свештенство или новиот кумановски митрополит, но до објавување на текстот не добивме одговор.

    Покрај матејчани на празникот во манастирот Света Богородица би заминале и повеќе граѓани доколку има организирана прослава. 

    Во комплексот на манастирот до крајот на девесесетите години функционираше и детско одмаралиште, па повеќето наши сограѓани со носталгија се сеќаваат на убавите времиња, прекрасниот амбиент, природата и дружењето во Матејче.