×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матурантите го полагаа првиот дел од екстерно тестирање

    22.01.2014 12:52 | KumanovoNews

    Матурантите во средните училишта денеска го полагаа првиот дел од екстерното тестирање.

    Матурантите го полагаа првиот дел од екстерно тестирање

    Директорите на училиштата тврдат дека се поминало во најдобар ред. Во изминатите неколку денови Државниот испитен центар ги поправил грешките кои биле истакнати во списоците за полагање.

    Имаше грешки за јазиците кои треба учениците да ги полагаат, но тие се отстранети. За оние ученици кои ќе полагаат во петок очекуваме грешките да бидат корегирани, ако не тие дополнително ќе дојдат друг ден и ќе полагаат. Кај нас вкупно 286 матуранти ќе полагаат екстерно тестирање - вели Љубиша Николиќ, директор на Гимназија “Гоце Делчев“.

    Слични проблеми имале и во “Киро Бурназ“, но и таму е интервенирано.

    Во списоците за учениците имаше да полагаат по два јазика, од кои еден не го ни слушаат. Кај нас се учи само еден странски јазик. Тие пропусти беа отстранети, и во понеделник го добивме списокот без грешки. Денеска имаше некои мали технички проблеми, но се логираа и полагаа. Се помина во најдобар ред, имаше и присуство на инспектори - рече Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

    Во петок ќе следи вториот дел од екстерното тестирање за матурантите.