Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почнувајќи од утре, па во наредните неколку денови, матурантите ќе ги полагаат испитите од државната матура, односно училишната матура и завршен испит.
Во вторник со почеток во 10 часот, во сите средни училишта во градот, ќе се полага екстерниот испит по мајчин јазик, каде што спаѓаат македонски јазик и литература, албански јазик, турски и српски јазик.
Во четврток ќе се полагаат екстерните- математика, и странските јазици: англиски, германски, руски и француски јазик.
Полагањата продолжуваат во понеделник, 20- ти јуни кога се полагаат интерните- стручни предмети.