Матурантите славеа со трубачи низ градот
20.05.2013 14:31
| KumanovoNews
Матурантите од Гимназија “Гоце Делчев“, денеска со плех музика го прославија завршувањето на средното образование.

Тие со трубачи тргнаа од пред училиштето, прошетаа по улиците и завршија со славење на Градскиот плоштад.
Ова е многу убав и важен момент за нас. Четиригодишното образование го крунисавме со славење. По матурирањето повеќето ќе се запишеме на факултет кој за што има интерес, но ќе продолжиме да се гледаме и дружиме - велат матурантите.