×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матурска парада на плоштадот

    20.05.2011 11:29 | KumanovoNews

    Околу 300 матуранти од средните училишта на пладне танцуваа на Градскиот плоштад во Куманово. Матурантите осум минути танцуваат квадрил на музика од Штраусовата опера „Лилјакот“.

    Матурска парада на плоштадот

    Општината Куманово одсекогаш ги подржувала младите во сите настапи и многу сме горди што играте со матурантите од Европа. Куманово како проевропски град преку младите ја манифестира својата европска определба. Денеска по пети пат се приклучуваме на прославата, кога се заокружува вашето средношколско образование. Со тоа станувате полнолетни и зрели. Ви го честитам матурирањето и се најдобро во понатамошното школување. Да станете вредни граѓани на оваа земја и овој град - ги поздрави матурантите градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Кумановските  матуранти се дел од големата европска манифестација која годинава се одвива под мотото „Со танц против насилството“. Тие истовремено ќе танцуваат заедно со нивни врсници од стотина градови од 10 земји во Европа. Сите заедно и годинава ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд во групно танцување.