Меѓународен риболовен куп “11 Ноември 2014“
08.11.2014 17:38
| KumanovoNews
На реката Пчиња, утре ќе се одржи Меѓународниот куп во спортско риболовство “11 Ноември 2014“, што го организира риболовно друштво “Пчиња“.

Учесниците ќе се натпреваруваат во лов на јадица со пливка.
“Имаме вкупно 20 екипи од кои 4 се од соседна Србија, една од Бугарија и останатите се клубови од Македонија. Купот е по повод празникот на градот - 11 Ноември и традиционално се одржува години наназад“ - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
На победниците, наградите утре околу 14 часот ќе им бидат врачени во ресторан “Грација“.