×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународниот фестивал на кратoк филм „Филмај“ во Куманово

    28.09.2020 07:10 | KumanovoNews

     Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19 часот, ќе се одржи второто издание на Меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2020“, во организација на Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.

    Меѓународниот фестивал на кратoк филм „Филмај“ во Куманово

    На фестивалската вечер ќе бидат прикажани наградените и други одбрани кратки филмови во траење од 100 минути. На овогодишниот конкурс пристигнаа 2.017 пријавени филма од 111 држави.

    Стручното жири одлучи годинава да ги награди: Joey Paras за филмот „Fetch“ (Филипини)  со наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, Tim Kuhn со „Jupiter“ (Германија) ја доби наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, наградата „Козјак“ за најдобра приказна/сценарио отиде кај Guy Nattiv и Sharon Maymon за aвторство на `Skin` (САД) и Георги М. Унковски за филмот „Налепница“ ја доби посебната награда за македонски филм, - информираат организаторите.

    Трочленото жири е во состав: Ана Јакимска (филмски режисер и сценарист), Златко Ѓелески (писател и културен критичар), и Глигор Максимовски (фотограф и член на фото-кино клуб `Козјак` - Куманово).

     Манифестацијата ќе се одржи според сите протоколи, а во салата ќе присуствува  само 110 посетители кои претходно ќе обезбедат билет.