×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ откажан поради коронакризата

    21.07.2020 11:46 | KumanovoNews

     Второто издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“, коешто требаше да се одржи од 20 до 24 јули годинава е откажано поради пандемијата со коронавирусот.

    Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ откажан поради коронакризата

    Организаторите од КУД „Панче Пешев“, велат дека тие поголемиот дел од подготовките на фестивалот ги завршиле, дури биле договорени и учесниците, но сите активности морале да ги запрат поради здравствената криза.

    „Успејавме да ја затвориме финасиската конструкција, што е најзначајно за секоја културна манифестација. Како што знаете оваа година новина беше тоа што фестивалот требаше да трае 4 дена.  Учество ни потврдија 20 ансамбли и групи со околу 500 учесници. И оваа година ќе имавме гости од  Јужна Америка, потоа Северен Кипар, од Мексико, Колумбија, Грузија, Полска, Хрватска, Црна Гора, Србија и други. Од Македонија ќе учествуваат фолкористи од Битола, Струмица, Гевгелија, Скопје, наши кумановски групи“, - изјави Мирче Крстевски, претседател на организациониот одбор на фестивалот.

    Тој додава дека доколку се надмине кризата, размислуваат фестивалот да го организираат на есен, во спротивно останува за наредната година.

    Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“, се организираше за прв пат минатата година, по повод 500 години Куманово. Фестивалот траеше три дена, учествуваа над 400 играорци од земјава и странство.

    Учество земаа ансамблите „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ - Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ - Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ - Лебане, Лесковац, Србија,  КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија,  Бугарија, компанија Артистика „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка и КУД „Димитриеје Туцовиќ“ - Белград.

    Фолклорот низ шарените бои на носиите, звуците на музиката и песната успеа да спои различни традиции и култури и да предизвика воодушевување на публиката. Концертите и на дефилеата на кумановските улици и плоштади добија голем палуз и поддршка од граѓаните. Посебна атракција беа гостите од Колумбија.

     Учесниците засадија дрво во паркот на малиот плоштад, во чест на првиот фестивал.

    Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура.

    (С.Н.)