Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот кеј во Куманово, во сабота со почеток во 10 часот, ќе се одржи традиционалната изложба на расни кучиња во организација на Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово, како и специјализирана изложба на кавкаски овчар во соработка со Клуб за кавкаски овчар на Македонија.
Досега се организирани 10 вакви изложби, а ова е трета година како има меѓународен карактер.
„Пријавувањето трае до четврток до полноќ. Минатата година имавме повеќе од 200 учесници, а бројката секоја година е се повисока, па се надевам дека и сега ќе го надминаеме тој број“, истакна Марко Митровски, претседател на друштвото „Кинолог“.
Досега има пријавено учесници од Куманово, сите градови на Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Полска, Чешка, Унгарија, Германија.
Стручното жири, петмина судии од Македонија, Србија и Унгарија и еден специјализиран судија за кавкаски овчар, ќе ја оценува секоја раса посебно, а категориите се поделени според возраста на кучињата- од 3 до 6 месеци, 6 до 9, јуниорска категорија од 9 до 18 месеци, од 15 до 24 интермедијална категорија, од 15 месеци отворена класа и над 8 години ветерани.
Заинтересираните можат да се пријават и информираат на телефонскиот број 075 306 108 и на фејсбук страната- Кинолошко друштво кинолог Куманово.