Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката Галерија на Куманово вечерва во 19:30 часот ќе се одржи традиционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2023“, во организација на Фото кино клуб Козјак.
Публиката ќе има можност да види уметнички фотографии од 115 автор од 10 земји од целиот свет. Жирито во состав Милош Нешковски (Македонија), Бранимир Ритоња (Словенија), Марјан Јаневски (Македонија) на изложбата доделија 25 награди во категорија слободна и главната награда за најдобар автор на изложбата.
„Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб “Козјак” и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот“, велат од клубот.
Покровители на изложбата се Министерство за култура, Општина Куманово и истата е под
патронат на Фото Сојуз на Македонија.