Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Вук Караџиќ“ утре ќе се оддржи менторска средба на која претставници од повеќе училишта ќе дискутираат за спроведување на проектот за меѓуетничка интеграција.
Професорите ќе зборуваат за она што е реализирано, ќе ги презентираат склучените партнерства со училишта кои оддржуваат настава на друг јазик, ќе зборуваат за годишните планови за следната 2014 година, за апликациите за исплата и финансискиот дел од проектот.
Како дел од овој проект “Вук Караџиќ“ соработува со училиштето “Дитурија“ од с.Липково.
Проектот за меѓуетничка интеграција се реализира со поддршка од УСАИД.