Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Државата нуди поволности за самовработување на инвалидизирани лица.
Во Центарот за вработување Куманово денеска се одржа презентација, при што беа објаснети бенефитите од оваа мерка за самовработување. Мерката се состои од неповратни средства од 5000 евра, со платени придонеси со можност за вработување на уште две лица со 92.000 денари.
Имаат извонредна можност лицата со инвалидитет, иматели на идеја, одржлив бизнис план да го решат својот статус на невработено лице. Ќе се рефундираат средствата за лицата со инвалидитет како што беше и претходно регулирано со закон. Во Агенција за вработување Куманово на евиденција имаме 160 такви лица. Огласот е објавен и е во тек, со можност за продолжување се додека не се исполни квотата“- вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Инвалидизираните лица од Куманово присуствуваа на презентацијата и се запознаат со мерката која се однесува на нив.