×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мигранти од Авганистан кријумчареле тројца мигранти од Атина до Куманово

    14.04.2022 12:07 | Жаклина Цветковска

    Двајца илегални мигранти од Авганистан кријумчареле други тројца мигранти од Грција до Куманово, со намера понатаму да ги пренесат до европските земји.

    Мигранти од Авганистан кријумчареле тројца мигранти од Атина до Куманово

    Тие се откриени во акција на  Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе,  во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север и  во координација со ОЈО за ГОКК.

    Како што информираат од МВР, со  цел стекнување на противправна имотна корист, во временскиот период од  10 до 12 април 2022 година, двајца мигранти од Авганистан, М.Б.(27) и Ф.Х.(30), со умисла и од користољубие, во улога на водичи, прифатиле и нелегално пренеле тројца мигранти од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата Коска од Атина, Р.Грција до Куманово. Целта им била нивно прифаќање и времено засолнување на подрачјето на Куманово (во атарот  на селата Лојане и Ваксинце), а оттаму нивно пренесување преку македонско-српската граница до државите на ЕУ.

    „Кривично пријавените лица, по претходен договор за сума од 800 до 1.000 евра по лице, ги прифатиле илегалните мигранти на претходно утврдени и договорени локации во Атина и организирале нивно префрлување со возило до локација во близина на грчко-македонската гранична линија. Потоа  пешки и  нелегално преминале на територијата на нашата држава и ги одвеле до кумановскиот регион за нивно понатамошно пренесување во Р.Србија“соопштува МВР.

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против  двајцата  Авганистанци  за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик.

    Од страна на Судија на претходна постапка, на двете кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.