Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мигрантите кои престојуваат во Градската џамија во Куманово, се потенцијална опасност за појава на заразни болести.
Вируси, жолтица, болести предизвикани од комарци, дијареа, западнонилска треска се само дел од заразните болести кои мигрантите можат да ги пренесат. За да ова се спречи, претседателот на Здружението на матични лекари Куманово, Фатмир Асани вели дека државата треба да преземе мерки, така што при влез кај Гевгелиja, мигрантите треба да бидат прегледани и доколку некој е заболен да се упати на лекување.
Тие се лоцирани во џамија, во селата Ваксинце и Лојане, седат во големи групи на места каде има голема фреквенција на луѓе. Државата треба да направи она што може, бидејќи знаеме дека Македонија е економски слаба држава за да ги прифати таквите бегалци. Може превентивно да делува на самата граница, со лекарски надзор. Сите тие болни да ги лоцираат, да ги лекуваат, а оние кои се здрави да ги носат во прифатни центри. На лице место треба да ги прегледаат. Јас живеам во такво место, и има некои доаѓаат со морбили, инфекции на кожа, се лекуваат на диво - вели Асани.
Тој објаснува дека џамијата, автобусите и возовите каде се возеле мигрантите , треба да се дезинфицираат за да се спречи појава и ширење на заразни болести.