Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Милан Трајковски (28) од Куманово го фати светиот крст денеска во црквата “Света Троица“.
Не очекував дека ќе го фатам крстот. Изненаден сум пријатно, ова ми е првпат да скокам и да го фатам крстот. Само здравје и среќа посакувам и тоа ми е доволно - вели Трајковски.
Тој од спознорите доби вредни награди, а насобраните верници му честитаат и го бакнуваа крстот. По светот крст се фрлаа петнаесетина верници, претежно млади луѓе.
На базенот на “ФЗЦ“ во Проевце крстот го фати Никола Ангеловски(18) од Доброшане, матурант во “Киро Бурназ“. Нему од локалната самоуправа и од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му подарија телевизори.