×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Милетиќ не го признава новиот претседател Величковиќ

    11.03.2014 14:07 | KumanovoNews

    Драгиша Милетиќ го смета за нелегитимен изборот на Ване Величковиќ за нов претседател на Српска напредна партија на конгресот во Куманово.

    Милетиќ не го признава новиот претседател Величковиќ

    Се знае кој е легитимен. Не може некој да биде легален ако не е потпишан пред надлежните институции. Не може на некого да му текне и да стане ВМРО - ДПМНЕ или СДСМ - изјавил Милетиќ на прес-конфернција во Скопје.

    Величковиќ го повикува Милетиќ да го врати печатот и целокупната документација на партијата наместо да прави циркус во јавноста и да го руши имиџот на партијата.

    Милетиќ да престане да се занимава со политиканство и да не етикетира дека сме платеници на СДСМ. Сите обвинувања ќе мора да ги докаже на Суд и да понесе одговорност заради нарушување на угледот на партијата- изјави Величковиќ.

    Тој додаде дека вчера ги доставил документите за промена на претседателот на партијата и за овластување на лице за матерјално финаскиско работење во Скопскиот суд и очекува брза разрешница на новонастанатата состојба.