×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Минчев и Перински присустуваа на расправата за професионална и квалитетна администрација во Куманово

    20.09.2024 15:40 | Оливера Пешевска

    Министрите за јавна администрација Горан Минчев и за локална самоуправа Златко Перински, денеска присуствуваа на расправата во рамките на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ во Куманово.

    Минчев и Перински присустуваа на расправата за професионална и квалитетна администрација во Куманово

    Кампањата ја организира министерството за јавна администрација, а на состанокот присуствуваа градоначалници, претставници на ЗЕЛС, од јавни претпријатија, установи и институции од Куманово.

    Крајна цел на работилницата е отворен процес со административците, преку кој ќе се дојде до заеднички заклучок за реформи во јавната администрација.

    „Намерата е во еден транспарентен, слободен, инклузивен демократски процес да ги чуеме ставовите и мислењата на сите кои се засегнати од овие закони. Се надевам на оваа дебата ќе се даде посебен допринос во подобрување на сите законски решенија, за кои сметаме дека не треба да бидат паушални, туку солидно содржајно направени, квалитетни, но најважно да бидат системски“, истакна министерот Минчев.

    Од собраниска процедура се повлечени, според Минчев клучни закони, оквалификувани како почеток на реформите во јавната администрација. Се работи за Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Предлог- законот за стручно усовршување и обука на административни службеници.

    Министерот Минчев оцени дека е дојдено време кога владата е спремна за таков исчекор да направи сеопфатна реформа во јавната администрација.

    „Јавната администрација ќе мора да се базира на знаење квалитет, стручност односно на професионалност. Само така можеме како држава да одиме напред. Јас до сега повеќе пати кажав дека јавната администрација ја сметам за столб на една држава, практично за постоење на една држава и една нација“, потенцираше на крајот министерот.

    Ова е втора ваква средба, првата е одржана во Скопје, во просториите на ЗЕЛС на крајот на август. Две недели претходно е потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗЕЛС и Владата во кој една од точките е начинот на носење на закони и законски измени во државата, односно тоа да биде со целосна инклузија на општините.