Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Природната минерална вода од чешмите во селото Проевце бактериолошки е исправна, но не е извршена хемиска анализа за да се утврди дали водата е целосно безбедна за пиење, велат од Центарот за јавно здравје.
Примероци за анализа од осумте чешми се земени на 25 јуни, бактериолошки водата е проверена и е во ред. Тоа е минерална вода и не треба да се користи како замена за обична вода. Граѓаните треба да ја контролираат конзумацијата, да пијат по 2 - 3 чаши на ден. На бебиња и мали деца не треба да се дава минерална вода, таа е напиток, но не е иста како обична вода - вели Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје.
Квалитетот на водата од овие чешми се проверува еднаш месечно. За да се потврди дали водата е безбедна за пиење треба да се направи хемиска анализа и да се испитаат повеќе параметри.