Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првата полицајка на Македонија вчера во кумановското Здружение на бранители потпиша пристапница со што стана член на Здружението.
Вчера во работна посета на Здружението на бранители од 2001 година претстојуваше министерката Гордана Јанкуловска. На таа работна средба таа јасно и гласно порача дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија„ ги усвојува барањата на бранителите од 2001 година. Тие барања се поднесени од Сојузот на Здружението на борците на Република Македонија кое брои 13.000 члена , а од вчера 13.001 бидејќи министерката Јанкуловска вчера потпиша пристапница со што станува наш член. Јас, како портпарол на Сојузот на здруженијата на борците на Република Македонија, изразувам огромна благодарност на владата на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, бидејќи конечно се решени нашите проблеми- изјави Предраг-Петрушевски - Бинго, на денешната прес-конференција.