Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го отвори 18-от меѓународен театарски фестивал “Денови на комедија Куманово 2015“.
На отварањето театар комедија Скопје ја изведе претствата “Нешто пропуштаме„ , а до 18 месецов публиката ќе ужива во домашни и странски комедии. Министерката рече дека Куманово заслужува богат културен живот кој ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации.
Навистина радува фактот што на фестивалот ќе се претстават нашите домашни ансамбли, Театарот комедија, битолскиот, велешкиот, турскиот, прилепскиот, охридскиот театар кои ќе изведат дела и на четири македонски автори на комедијата како Коле Ангеловски, Мони Дамевски, Љупчо Тодоровски и Горјан Милошевски. Уверена сум дека програмата на фестивалот кој и оваа година има ревијален карактер ќе ја збогати културната понуда во Куманово имајќи предвид дека сите театарски остварувања кои се на програмата имаат навистина позитивни критики и од публиката и од стручната јавност“ - изјави министерката.
Покрај домашните театри, со свои комедии на фестивалот ќе учествуваат гости од Србија, Бугарија, БИХ и Косово. Вечерва велешкиот театар “Ј.Х.К. Џинот“ ќе ја изведе комедијата “Спанаќ со пржени компири“. Утре продукција Видик од Скопје ќе ја игра “Ни ваму, ни таму“, а во недела на репертоар е Драмски театар Скопје со претставата “Чолак“.
Фестивалот го организира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со поддршка од Министерството за култура.