×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Чулев во посета на СВР Куманово

    07.04.2020 13:12 | KumanovoNews

    Министерот Наќе Чулев денеска беше во работна посета на СВР Куманово, каде што се запозна со активностите кои се преземаат на територијата на Куманово, а кои се насочени кон справување и превенција со коронавирусот.

    Министерот Чулев во посета на СВР Куманово

    „Вчера во Куманово на 52-годишна возраст почина лицето И.С вработен во МВР како полициски службеник на граничниот премин Белановце. Според информациите кои во текот на вчерашното попладне ги добив од колегите, станува збор за лице кај кое во изминатиов период е детектирано присуство на коронавирусот. Во оваа прилика сакам во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи да упатам најдлабоко сочувство за загубата пред се до неговото семејството, а истовремено да искажам и почит кон неговата работа и дело, сите ние во изгубивме почитуван колега, пријател и вработен кој несебично даваше активен придонес во справување со секојдневните предизвици меѓу кои и предизвиците поврзани со ширењето на коронавирусот, - изјави Чулев.

    Тој додаде дека полициската работа бара надчовечки напори, исклучителност и пожртвуваност во извршување на работните обврски. Апелираше до граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања, а како министер за внатрешни работи ги преземал сите неопходно мерки и активности за обезбедување соодветна опрема и заштита на полициските службеници, но и сите останати вработени во МВР.

    - Основна задача и прироритет на МВР овој период е заштита на животот и здравјето на граѓаните, а имајќи ги предвид последните податоци кои покажуваат зголемен број на лица кај кои е потврдено присуство на коронавирусот, но и бројката на починати лица сакам да нагласам дека како министер за внатрешни работи инсистирам полициските службеници да постапуваат поригорозно во преземањето на активностите со кои го гарантираат соодветното спроведување на мерките и одлуките на Владата, а со тоа уште еднаш ќе ја потврдиме нашата заложба дека здравјето и животот на граѓаните се најважни, - соопшти Чулев.

    Министерот Чулев и началникот на СВР Куманово, Антон Витков, потоа однесоа заштитна опрема на Општата болница во Куманово. Донацијата се состои од заштитни одела, визири, ракавици и маски кои министерството за внатрешни работи ги доби од Словенија и Унгарија.