×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Меџити и Ан Јохансен на средба со матичните лекари од Куманово

    19.10.2023 20:20 | Жаклина Цветковска

    Со новините во примарната здравствена заштита се овозможува приближување на услугите за сите пациенти. Има конкретни и видливи промени и тоа како резултат што беа слушнати поплаките на пациентите и нивните барања за поефикасни  услуги во здравствениот систем.

    Министерот Меџити и Ан Јохансен на средба со матичните лекари  од Куманово

    Ова беше истакнато во Здравствениот дом Куманово при средбата на  министерот за здравство Фатмир Меџити и шефицата на канцеларијата на СЗО во Македонија Ан Јохансен со матичните лекари  за вториот чекор на примарната здравстевна заштита.

    „Со новите измени се овозможува издавање на упати за лабараторија кои сега,за разлика од порано, можат да ги издаваат и матичните лекари. Лабараториските испитувања кои се опфатени со реформата се глукозен статус, липиден, хормонален и протеински статус, со што се зголемуваат дијагностичките можности и мониторирање на хроничните пациенти за пет најчести заболувања. На овој начин, истовремено, го враќаме и угледот на матичните лекари“,  изјави министерот Меџити.

    Мерката е ставена во функција на почетокот на септември и до сега се издадени 21,206 упати од овој тип. Матичните лекари од крајот на август имаат препишано близу 70 илјади рецепти за над 48 илјади пациенти. Како следен чекор се најавува воведување на електронски картон за следење на пациентите во примарната здравствена заштита-трансформација направена врз основа на детална анализа.Реформата која се спроведува во примарната здравствена заштита се заснова на засилување на улогата на матичните лекари и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија.

    „Слушнавме дека лековите на позитивната листа одамна не се ревидирани, а слушнавме и поплаки за квалитетот на грижата што ја добиваат пациентите за незаразните хроничните болести-вискиот крвен притисок или дијабет.Со еден пакет, една интервенција на  Светската здравствена организација и релевантните чинители од земјата успеавме да ги адресираме различните предизвици“, подвлече  Ан Јохнсен,шефица на канцеларијата на СЗО во Македонија.

    Сега матичните лекари можат да дијагностицираат, да лекуваат и да препишуваат лекарства од новата проширена  позитивна листа на лекови. Ова овозможува подобра покриеност на здравствените услуги и  пониски финасиски трошоци за пациентите.

    Ова се само почетоци на имплеметантација на промените. Ќе се продолжи со работа на подобрување на здравствената грижа, но и на едукација на пациентите со хронични болести како да го сменат начинот на живот и како да менаџираат со терпијата  со која живеат секојдневно.