×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Сали на крводарителска акција во Куманово

    28.06.2022 13:23 | Сузана Николиќ

    Политичката партија Алтренатива, огранок Куманово, заедно со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија денеска организираше крводарителска акција, на која присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали. Тој се заблагодари на организаторите и на крводарителите,  нагласувајќи дека  крводарителствотото ја подига свеста кај граѓаните за општествената одговорност и потребата да се помогне во тешки моменти.

    Министерот Сали на крводарителска акција во Куманово

    „Во континуитет имаме потреба од крвни единици. Црвениот крст заедно со Институтот за трансфузиологија во текот на целата година имаат програма за поддршка на иницијативи кои доаѓаат од политички партии, невладини организации, синдикати. Ние како држава сме добро организирани од аспект на поддршка на јавните здравствени установи за доволно потребни количини на крв, но и ваквите иницијативи ги поддржуваме затоа што тоа е подигање на свеста кај граѓаните кон општествената одговорност во овој случај снабдување со доволни количини за потребите на итни случаи или пациенти кои лежат во болници. Крводарувањето го сметам како еден од најхуманите гестови кој човек ги прави, затоа што со ова дарува нешто што е свое, го дарува на некој кој има

    Тој додаде дека како држава се сметаме за една од најорганизираните од аспект на трансфузиологија и доволното снабдување со крв, и досега не се случило во последните 5-6 години да имаме недостиг на крв, па ургентно да се бараат деривати на крв. 

    „Летото е специфично затоа што има повеќе движења и повеќе сообраќајни незгоди па се зголемува и потребата од количини на крв, но да напоменам дека пак во лето се намалуваат хируршките интервеции, така што се одржува некој баланс во државата и во јавните здравствени установи за потрбните колични на крв. Во текот на цела година имаме потреба од исти колични на крв, секоја година треба да имаме вакви акции“, додае министерот.

    Координаторката на крводарителстата акција Љунтурие Абази, кажа дека одзивот е голем и за само час иполовина имале околу 15 дарувања, а до крајот на акцијата до 14 часот очекуваат да соберат над 30 единици крв.

    „Со оваа акција сакаме да им помогнеме на сите граѓани кои имаат потреба. Задоволна сум од реализацијата и одзивот на крводарителите, се надевам дека ова ќе прерасне традиција“, кажа Абази.