×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за економија со кампања за енергетска ефикасност

    22.10.2015 14:22 | KumanovoNews

    Министерството за економија  ја спроведува кампањата за енергетската ефикасност  „Наша енергија– наша сила“.

    Министерството за економија со кампања за енергетска ефикасност

    Таа денеска беше презентирана во Куманово. Целта е, низ обуки и јавни дебати да се оствари натамошна операционализација на законската регулатива во доменот на енергетската ефикасност и јакнење на свеста за нејзиното значење.

    Освен обуки за софтверската алатка ExCITE и за новиот образец за изработка на тригодишни програми за енергетска ефикасност, активностите на кампањата опфаќаат и организирање на јавни дебати во плански региони на актуелни теми за енергетската ефикасност како релевантен ресурс - кажаа од Министерството за економија.

    За изворите за финансирање на мерки и проекти за енергетската ефикасност изработен е двојазичен водич, а за придобивките од вградување на системи за следење и управување со потрошувачката на енергија во јавните и деловните објекти и краток филм. Тие ќе бидат претставени пред учесниците на дебатите.