×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирен марш наместо блокада ќе одржат жителите на Доброшане на регионален пат Куманово-Свети-Николе

    07.08.2020 08:34 | KumanovoNews

    Организаторите на протестот во населбата Доброшане не добија одобрение од СВР Куманово да го блокираат регионалниот пат Куманово - Свети Николе, поради што протестот ќе го искажат со мирен марш.

    Мирен марш наместо блокада ќе одржат жителите на Доброшане на регионален пат Куманово-Свети-Николе

     Во известувањето стои дека наместо блокада утре ќе одржат протестен марш од 22 до 23 часот, па ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат дадените препораки.

    „Сакаме да ве известиме дека од СВР Куманово не добивме дозвола за целосно блокирање на овој патен правец, со образложение дека се работи за регионален пат и за ваков настан се потребни посебни процедури и дозволи. Заради тоа наместо блокада, ќе организираме мирен марш од бензинската пумпа до автобуската постројка, а по пат ќе застанеме и ќе запалиме свеќи на местото каде што се случи сообраќајната несреќа, во исто време од 22 до 23 часот. Ве молиме за разбирање и културно однесување за време на настанот, бидејќи во вакви тешки моменти не се потребни дополнителни проблеми “, стои во соопштенито од организаторите на протестот.

    Жителите го организираат простестот револтирани од несовесното однесување на дел од возачите, кои не ги почитуваат собраќајните правила во населено место и ги загрозуваат нивните животи. Минатата недела загина 16 годишно момче на мотор, откако беше удрено со автомобил. Тие бараат од надлежните да постават препреки на патот и да се зголеми присуството на полицијата на оваа делница, за да се спречи дивеењето на поединци.