Мени

Мирно помина протестот за „Монструм„

09.07.2014 12:23 | KumanovoNews

Мирно и без инциденти помина протестот на Албанците во Куманово, кои го искажаа својот револт против пресудите во случајот Монструм.

Мирно помина протестот за „Монструм„

Протестот започна пред зградата на поранешен ЗИК, а колоната граѓани прошета низ улиците во централното градско подрачје и заврши пред Основниот суд Куманово. Таму беше прочитана декларација во која се бара поддршка од меѓународниот фактор за изречените пресуди во процесот „Монструм„ и пронаоѓање на вистинските виновници. Протестот беше следен од големо полициско обезбедување.

Во Куманово и пред два дена имаше повик на социјалните мрежи за протест,  кој требаше да започне од пред градската џамија, но тогаш се собра помала група млади луѓе кои набргу се разотидоа.