×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирослав Крстевски не ги признава вонредното собрание и изборот на новото претседателство на КУД „Панче Пешев“

    30.10.2023 15:34 | Оливера Пешевска

    Долгогодишниот претседател на КУД „Панче Пешев“ Мирослав Крстевски не го признава вонредното собрание и изборот на новото раководство, што се одржа во четврток на 26 октомври и најави согласно Статутот на друштвото одржување на редовно собрание.

    Мирослав Крстевски не ги признава вонредното собрание и изборот на новото претседателство на КУД „Панче Пешев“

    „Собранието ќе се одржи според Стутот и законите, а не со упад во просториите без информирање на претседателот и извршниот одбор, и одржување на нелегитимни собири со членови и родители на деца-членови под 15 години. Патем, ги информирав организаторите и потписниците на тоа барање дека најмалку треба да се инволвираат најмладите и децата во вакви валкани игри пред најавуваните избори во нашата држава и инструирани од политички побуди“, стои во соопштението што Крстевски го достави до медиумите.

    Тој смета дека демократијата не значи безредие, задгрбна игра, самоволие и игнорирање на претпоставениот и непочитување на неговите одлуки, туку право на мислење и работење заедно кон решение поволно за сите, почитувајќи ги притоа општествените норми, како и оние пропишани со законот.

    „КУД „Панче Пешев“ е олицетворение на култура, традиција, уметност, дружење и негување на нашите корени. Во никој случај не смее да значи политика, озборување, опструкции, неодговорност, самоволие и недолично однесување.Управниот одбор е должен да ги спроведува целите и правилата на друштвото и да ги отстрани сите членови што се однесуваат спротивно на визијата и целта на друштвото“, потенцира Мирослав Крстевски.

    „Панче Пешев“ е најстарото културно-уметничко друштво во Куманово, кое за 2 години прославува 100 години од своето постоење. Во 1989 година Мирослав Крстевски е назначен за застапник на друштвото од страна на членовите на одборот на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија (СОФАМ).

     На вонредно собрание, кое се одржало минатата недела за претседател е избран Зоран Илиевски, со образложение дека мандатот на Крстевски е завршен во 2015 година, поради што неговата функција е нелегитимна, а тој не сака да закаже редовно собрание.