×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Митко Бојмацалиев кандидат за дополнителен заменик-министер во МВР во техничката влада

    27.12.2023 14:38 | Сузана Николиќ

    Кумановецот Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, е кандидат за дополнителен заменик-министер на МВР во техничката влада.

    Митко Бојмацалиев кандидат за дополнителен заменик-министер во МВР во техничката влада

    Одлука за утврдување на кандидати за министри, заменици министри и дополнителни заменици министри во Техничката влада од редовите на СДСМ е донесена синоќа на Централниот одбор.

    „Продолжуваме со „МВР за граѓаните” - транспарентна и отчетна полиција, која нема да биде во служба на ничиј друг интерес освен на граѓаните. Тоа е концептот по кој се раководам и за кој ќе се борам и по 28 јануари 2024 година. Искрена благодарност до членовите на Централниот одбор на СДСМ, за укажаните чест и доверба да бидам дополнителен заменик министер во МВР“, објави Бојмацилиев. 

    Честитки до шефот на кабинет во МВР, упати и министерот Оливер Спасовски, кој  вели дека Бојмацилиев со досегашниот придонес во трансформацијата на „МВР за граѓаните” веќе се етаблирал како столб на МВР. 

    „Убеден сум дека со него како дополнителен заменик министер за внатрешни работи - МВР останува во сигурни раце“, вели Спасовски.