×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Млад компјутерски техничар изработи робот

    13.10.2010 16:25 | KumanovoNews

      Александар Димитриевски ученик во четврта година во смерот за комјутерска техника и автоматика го презентираше својот проект - робот, кој го изработил заедно со професорите.

    Млад компјутерски техничар изработи робот

    Во рамките на програмата за одбележување на јубилејот на средното техничко училиште „Наце Буѓони„ учениците од машинската, електротехничката и здравствената струка извршиа презентација на проектите на кои работат. Александар Димитриевски ученик во четврта година во смерот за комјутерска техника и автоматика го презентираше својот проект - робот, кој го изработил заедно со професорите.

    Роботиката е интересна за младите истражувачи. Се потрудивме да бидеме креативни и оваа идеја да ја презентираме пред пошироката јавност.  Мојата иновација е прототип на робот, кој го направив по сопствено видување. Заинтересиран сум за оваа област одамна, но денеска се создадоа услови да го покажам моето дело. Ова е мој прв проект иако десетина година се интересирам за електроноката. Роботот може да го движи телото и да ротира за 180 степени. Потоа рацете му се покретни, а дланките ги отвара, додека со очите трепка. Роботот со неколку корекции и надоградби може да се вклучи во индустрија за кревање на предмети. Се надевам дека во иднина ќе го усовршам и со него ќе може да се управува од компјутер, а не од далечински управувач - вели Димитриевски.

    Тој е задоволни од она што го направил и се надева дека покрај кумановската јавност со роботот ќе се претстави и на некое натпреварување за млади иноватори.  Александар е ученик во смерот за електротехничар за компјутерска техника и автоматика, а од наредната година својата надградба ќе ја продолжи на некој од електротехничките факултети или графички дизајн.