×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младеновска: Лице со попреченост за првпат во историјата e на листа за советници во Куманово

    09.10.2021 18:52 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово Бојана Младеновска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, денеска на прес-конференција потенцираше дека правата на лицата со попреченост не се луксуз, ниту привилегија, туку обврска на секоја локална заедница, на секоја демократска држава. 

    Младеновска: Лице со попреченост за првпат во историјата e на листа за советници во Куманово

    Таа информираше дека се приклучила на ова граѓанско движење за да придонесе за подобрување на квалитетот на живот на овие луѓе.

    „За првпат во историјата на листата за советници се наоѓа лице со попреченост и воедно лице од невладин сектор. Јас по професија сум логопед, сертифициран обучувач на Државната изборна комисија и десет години активист, сведок на многу приказни, поинакви судбини и сопственик на една таква. Ова го споделувам не за да се пофалам, туку да ги охрабрам лицата со попреченост да не се повлекуваат, да не дозволат попреченоста да ги фрла во сенка. Едно лице со попреченост има попреченост во одреден сегмент, но тоа никако не значи дека нема квалитети, дека е нестручно и неспособно. Напротив, имате лица со попреченост многу поспособни од тие што седат во фотелјите, секоја чест на исклучоци“, потенцираше Младеновска.