×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mлади истражувачи од „Наце Буѓони„ со две први награди

    02.05.2012 13:56 | KumanovoNews

     Учениците од техничкото училиште „Наце Буѓони„ освоија две први места во категориите машинска техника и електротехника со електроника на 48-от државен натпревар на “Mлади истражувачи„ во Берово, што го организираше Народната техника на Македонија.

    Mлади истражувачи од „Наце Буѓони„ со две први награди

    Бојан Таневски од IV година машинска и Милан Зафировски од III година електротехничка насока, покажаа најдобри резултати во дисциплините во кои се натпреваруваа.

     Таневски под водство на менторот Златко Гиновски се претстави со својот научен труд “Хирдаулична роботска рака” и освоил прво место со 92 поени, додека Зафировски со менторот Виктор Михајловски го презентирал научниот труд “3-Д Дисплеј (лед коцка)” и освоил прво место со 97 поени. Во изработката на коцката учествувал и ученикот Дарко Стојковски кој за време на натпреварот во Берово се ангажирал за други потреби на училиштето.

     Наградените и нивните професори најавуваат учество на уште неколку наптревари по разни насоки, и очекуваат вредни награди и успеси за нив и училиштето.

    Натпреварувањето на “Mлади истражувачи„, е подржано од Министерството за образование и наука на Р.Македонија.

                                                        М.Г.