×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Млади лица ќе се обучуваат за дефицитарни струки

    11.08.2015 10:55 | KumanovoNews

    Тринаесет млади лица до 29 години ќе се обучуваат за дефицитарни струки во рок од пет месеци, по што работодавецот ќе треба да ги задржи уште шест месеци.

    Млади лица ќе се обучуваат за дефицитарни струки

    Дел од кандидатите веќе почнале, а дел допрва ќе почнат со обуката. Проектот го спроведуваат Центарот за вработување Куманово и невладината ДРОМ, а е финансиран од Европската унија. Младите ќе се обучуваат за фризери, чевлари, монтери, гипсери, фасадери, заварувачи и реставратор.

    “По завршување на петмесечниот курс ќе полагаат испит, во Работнички Скопје или Штип, ќе видиме, тоа ќе биде изберено на тендер. Компанијата е задолжена во рок од шест месеци да ги задржи тие кандидати. Тоа се лица до 29 години, претежно социјални случаеви, лица со хендикеп и од маргинализирани групи. Опфатени се фирми кои имаат најдобри услови и кои сакаат да примат такви лица“- изјави Ахмет Јашаревски од “ДРОМ“.

    Кандидатите месечно ќе примаат по 5500 денари додека трае обуката, а фирмата само еднаш ќе добие 5500 денари надомест.

    “По завршување на обуката лицата се стекнуваат со сертификат. Проектот формално од денеска почна да се реализира, договорите се веќе потпишани и лицата се на обука. Проектот е за здобивање со професионални вештини. Проектот е применуван во источно-европските земји, во нашата држава е за прв пат“- вели  Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

    Проектот се спроведува во Скопје, Битола, Тетово и Куманово.

    “Да најдеме начин, заеднички начин како да ја намалиме невработеноста во регионите и секако во Куманово. Се разбира се соочуваме со одредени потешкотии, ништо не е лесно, но исто така тука сум и да ги охрабрам колегите на некој начин. Гледам луѓе кои се мотивирани“-рече Нијоле Мацкевициене, јуниор проектен менаџер од Литванија и експерт.

    Ако овој проект заживее и даде резултати, ќе се спроведува секоја наредна година.