×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Млади музичари од Крива Паланка најдобри на фестивалот „Утринска ѕвезда“ во Банско

    05.12.2019 15:42 | KumanovoNews

    Учениците од Основното училиште „Јоаким Крчовски“од Крива Паланка, освоија прва награда на  Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“, што се одржа викендов во Банско, Република Бугарија.

    Млади музичари од Крива Паланка најдобри на фестивалот „Утринска ѕвезда“ во Банско

    Вкупно четириесет ученици од трето до деветто одделение беа учесници на овој престижен фестивал на уметноста, предводени од нивните ментори професорите Лариса Жулина-Митовски,  Александар Тренчовски, Марија Смиљков и Дејан Ангеловски.

    Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски изрази големо задоволство за успехот на младите музичари, нивните ментори и родители.

    „Многубројните ваши успеси награди и највисоки признанија на меѓународен план, ни зборуваат за една одлична стратегија, начин и план за заедничката соработка и поддршка од општината. Креативниот тим на менторите и заедничкиот вложен труд и огромниот талент на учениците,  како и поддршката од  училиштето и Општината, дадоа одлични резултати со кој сите заеднички се горееме и радуваме“, - изјави Мицевски.