Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mлади планинари од Куманово викендов го посетија планинарски дом Длабочица.
Беа присутни деца на возраст од 8 до 16 години. Она што лани го учеа како теорија во рамки на планинарската школа сега треба да го применат во пракса. Имаше настава во природа, пешачење, решаваа тестови, маркација, ориентација во планина, ноќевање во планинарски дом - вели Мартин Величковски, секретар во Здружение спортско планинарски клуб Козјак.
Од “Козјак“ потврдуваат дека меѓу младите кумановци има голем интерес за планинарење.