Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во саботата на еден час беа сдсмовци, по повод 1 април, Денот на шегата.
Тие на Градскиот плоштад Куманово, направија пародија со маски на првите луѓе на СДСМ и градоначалникот Зоран Дамјановски, а носеа и транспаренти со првоаприлски шеги.
Вака маскирани се обидовме да се ставиме во кожата на другиот, да видиме што значи да се биде СДСМ, да видиме што значи лага, измама и манипулација-изјави претседателот на УМС Срѓан Ивановски.
Во обраќањето пред членовите тој ја нападна локалната власт за сите пропаднати проекти и нереализираните ветувања во досегашното владеење на СДСМ.